ЈСП воведува билет – „плати еднаш, а вози се цел ден“


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ размислува да воведе дневна автобуска карта која би се купувала еднократно, а би важела во текот на 24 часа или, пак, само 90 минути.

avtobus nov jspСо неа корисниците може да сменат неколку автобуси, без да плаќаат нов билет. Тоа е практика во градовите во Западна Европа. Станува збор за нов тип наплата, која треба да ги исфрли од употреба досегашните картички, ќе ја намали готовината кај возачите, времето на стоење на постојките, а и претпријатието ќе има поголема контрола врз прометот. Тоа се карти што ќе се надополнуваат по припејд-принцип, како мобилните телефони.

Понудите од тендерот за понудувачи, пријавени за спроведување на електронската наплата во 350 автобуси, ќе се отвори на 22 април годинава. Требаше во февруари, но поради локалните избори, рокот за доставувањето на понудите беше продолжен. Тендерската документација ја подигнале 16 фирми. Ако се избере најповолен понудувач, тогаш рокот за воведување на системот е една година од потпишувањето на договорот. Новиот начин на наплата беше најавен за изминативе години, но ЈСП се откажа од јавното-приватно партнерство со словенечката фирма „ЕМ тест“ и реши да го воведе самостојно.

Дневник

MK News

Автор инфо

One Response to “ЈСП воведува билет – „плати еднаш, а вози се цел ден“”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.