Каде може да се обратите доколку заборавите предмет во автобусите на ЈСП?


Шалови, ракавици, чадори, мобилни телефони, паричници, ранци, но и торби со она што купиле на пазар секојдневно губат или забораваат граѓаните во автобусите на ЈСП.

jsp avtobus nokj mk2

Бирото „Изгубено-најдено“ функционира веќе три години во ЈСП. Патниците што изгубиле било каков предмет можат да е јават на телефонскиот број 3 122-634 во претпријатието и да го пријават случајот. Ако предметот стасал во бирото, тогаш сопсвениците имаат шанси да си го вратат она што го заборавиле во автобус.

Патникот при јавувањето мора освен своите генералии да остави и податоци во кој автобус, на која линија и во кое време го загубил предметот што го бара.

Бирото „Изгубено-најдено“ се наоѓа во населбата „Автокоманда“ на бул „Александар Македонски“ број 10 во кругот на Дирекцијата на ЈСП. Идејата за отворање на ова биро и вработување на инвалидно лице во него усреќи многумина, а се покажа и повеќе од потребно за патниците.

SkopjeInfo

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1