Кај мртвото бебе во кичевско не биле најдени знаци кои укажуваат на насилна смрт


Кичево потресено од смртта на шестмесечното бебе.

Синоќа околу 20 часот и 45 минути немилиот настан бил пријавен од страна на лекар.Мртвото тело било пронајдено во селото Кленоец во семејната куќа.policiska-lenta

По наредба на јавниот обвинител, телото на детето е дадено на обдукција.

Првичните резултати укажуваат дека кај бебето, кое имало вродени срцеви аномалии, настанал застој на работата на срцето, што предизвикало белодробен едем и задушување. На телото не се пронајдени знаци кои укажуваат на насилна смрт.

Од утринава јавноста беше вознемирена од шпекулациите кои што се ширеа дека наводно врз детето имало видливи повреди на телото .

На местото на настанот извршен е увид од страна на Основен јавен обвинител и полициски инспектори од Кичево.

Инаку од истото семејство пред само неколку месеци беше пријавено губење на едно од децата, кое по 24 часовна потрага од страна на полициските службеници и локалното население беше пронајдено живо и здраво без последици.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1