Како батеријата на мобилниот да ви трае подолго


Батериите на денешните паметни телефони, траат се пократко и пократко. Па затоа еве неколку трикови, како подолго време да избегнете да ја полните батеријата на вашиот мобилен телефон.

Чистење на приклучокот за полнење

Покрај чистење на екранот треба да се чисти и приклучокот за пинење, зошто често може да се насоберат нечистотии и остатоци од џебовите што може да го отежнат полнењето.

Исклучете го телефонот

Ок, да, тоа е наједноставно, но не мислиме баш така како што мислите. Едноставно, кога ќе легнете да спиете навечер, исклучете го телефонот. Или пак пред да дремнете час, два по работното време, исклучете го мобилниот. И така, кога планирате да одморите, не би сакале некој да ви смета.

Не пребарувајте мрежа кога нема

Кога сте во некој рурален дел или пак на некоја планина, кога ќе снема мрежа, не трудете се да ја најдете мрежата по опциите. Едноставно, се троши многу батерија а нема ништо да постигнете.

Полнете ја батеријата правилно

Не ја полнете батеријата кога има 15 проценти или пак да ја полните до 85 проценти, зошто онака, не ви се чека. Кога ќе имате време, почекајте да се испразни целосно батеријата и полнете ја до 100 проценти.

Не користете интернет или камера

Едноставно, ако немате многу од батеријата, не е време за сурфање на интернет или фотографирање, зошто тоа троши многу батерија а и не е толку важно.

Скратете од разговорот

„Еј, немам батерија, морам да спуштам“, нека биде последна реченица од разговорот кога немате доволно батерија, зошто најчесто разговорите продолжуваат по оваа реченица, и речиси секогаш се непотребни.

Исклучете сè што не ви е потребно

Исклучете ги Wi-fi, GPS, Bluetooth, кога не ги користите.

Позадината на телефонот

Избегнувајте анимирани фотографии. Најдобра опција би ви била црна позадина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1