Како да бидете еден од 600.000 работници во Германија?


Понудата на германскиот Завод за вработување, каде се бараат дури 600.000 нови работници, е примамлива за граѓаните, но сепак целта не е лесно да се постигне. Имено, доколку сте заинтересирани за работа во Германија, потребно е да се исполнат сите услови, за да може да се конкурира во некоја од компаниите кои бараат работници.

Ова се условите:germanija

  • За работа во Германија, потребно е граѓаните да најдат работодавец, потоа работодавачот да обезбеди дозвола за работа и да се добие и дозвола за престој (работна виза).
  • Неопходно е пред да се обидете да побарате работа, да проверите дали вашата професија се наоѓа на листата на дефицитарни занимања во Германија, а потоа следи прибирање на документација.
  • Видот на документи можат да се разликуваат од работодавач да работодавач, но за дозвола за работа дефинитивно ќе треба копија од патна исправа, диплома (преведена на германски), доказ за работно искуство, како и доказ за јазични вештини.
  • Примамлива работа секако не е лесно да се добие, а пред да почнете да заработувате, тука се прво трошоците. Тие се однесуваат на превод на документите на германски јазик, односно услуги за судски преведувач. Во правило секогаш се испраќаат заверени копии, па и тоа бара одредени трошоци за заверка.
  • Трошоците за вадење на работна дозвола ги покрива работодавецот.
  • Самото барање на работодавец е дополнителен трошок, за оние кои ќе се одлучат да одат во Германија и таму да бараат работа.
  • Работодавец можете да најдете и на веб порталите, како што е веб страницата на Сојузната агенција за работа во Германија www.arbeitsagentur.de.

Во германскиот Завод за вработување (BA), во септември огласени се 600.000 работни места, или дури 81.000 повеќе од лани.

Денешен.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1