Како да направите божиќен подварок


Состојки

  • 3-322b15-300x3003 кисели зелки од расол
  • 1 пушена свинска буткица
  • 3 3 свежи свински коленици
  • 2-3 лажици свинска маст
  • 100 мл масло
  • 20 гр црн бибер
  • 2 лажици зачин
  • 3-4 суви црвени пиперки
  • 2-3 лажици црвен пипер
  • 200 мл расолница
  • 200 мл вода каде се вареа колениците

Подготовка

Прво ситно се сецкаат зелките и се пржат на маста и маслото околу 2-3 часа, односно се додека не испари течноста и зелката убаво не се испржи.
Во тенџере се налева вода и заедно се варат пушеното месо и колениците 2 часа.

5-bbb34a-800x600Се чистат од маснотијата и коските.
После се зачинува зелката, се става во земјената тава, се додаваат исчистените меса, се налива со околу 200-300 мл расолница и 200 мл исцедена течност каде се варело месото.
Се става во релна земјената тава и крчка околу 2 часа.
Пред крај се додаваат одозгора сувите пиперки.

Прекрасно јадење, кое бара повеќе време за спремање, голема љубов, но ништо не е тешко, кога се гледа задоволство на лицата на гурманите кои го консумираат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1