Како лесно да ги исперете белите патики – еве неколку трикови


Еве неколку трикови како да исчистите бели патики.

Перење во машина

patiki-55Платнените патики може да ги перете во машина. Но, секогаш проверете ги упатството од производителот.

Ако перете платнени патики во машина, прво извадете ги врвките и ставете ги на пример во јастучница, патиките исчистете ги од поголеми нечистотии и перете ги со неколку стари пешкири и крпи.

Уклучете ги наладно и ставете малку детергент.

Сигурен начин на перење

Платнените патики сепак е подобро да ги исчистите рачно.

Во чистењето најмногу ќе ви помогне сода бикарбона, оцет и топла вода. Измешајте 1 лажица сода бикарбона, оцет и вода за да добиете паста.Со пастата почнете да ги чистите патиките, но имајте на ум дека оваа смеса може да ја оштети гумата.

Откако ќе ги истриете патиките со пастата, оставете ги во топла вода неколку часа. Потоа втријте малку детергент , а исплакнете ги неколку пати и оставете да се исушат.

Кисело млеко

Патиките можете да ги избелите со кисело млеко. Направете смеса од кисело млеко и оцет и со тоа тријте ги патиките.

Потоа исплакнете ги, а перењето продолжете го со средство за отстранување дамки од бела облека.

Гумен ѓон

На гумените делови од патиките не треба да се употребуваат силни избелувачи, бидејќи ќе ги оштетат.

Подобро истријте ги со бела паста за заби и вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1