Како сиромашното кинеско девојче стана најбогата жена на светот


Wealth X неодамна објави листа со 15 најбогати жени кои сами стекнало богатство, а кои заедно имаат повеќе милијарди од БДП на Хондурас, Камбоџа и Ирска вкупно.

Тие петнаесет стекнале заедно 53 милијарди долари. Покрај Џулијана Бенетон, Италијанката зад која стои познат бренд ( има заработено 2,7 милијарди долари) и медиумската икона Опра Винфри (2,8 милијарди долари), со листата доминира една кинеска.kinesko-devojce-640x320

Се работи за Зоу Кунфеи (Zhou Qunfei) , која има 46 години и успеала да заработи 6 милијарди долари. Интересно е што пораснала во сиромаштија, во едно село во провинцијата Хунан. На 16 години се вработила во фабрика од соништата, под тешки услови-работела исцрпувачки долги смени.

Кога заштедила 3000 долари, веднаш до фабриката во која работела, отворила работилница за изработка на стаклени затворачи за часовници во 1993 година.

Меѓутоа, ништо немаше да биде од нејзината империја, ако во 2003 година Моторола од неа не побарала пластичните екрани, кои ги користеле за своите мобилни телефони, да ги замени со цврсти, стаклени. Потоа се случил вистински бум-и Епл и побарал да изработи „тач скрин екрани“ за првиот ајфон во 2007 година.

„Lens Technology“, фирмата која ја води, сега за најважни клиенти ги има Самсунг и Епл, и вреди 7 милијарди долари. Сепак, таа ни денес не се срами да се симне во фабриката, и сама да ја испроба новата опрема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1