Како Тито го добил својот прекар „Тито“


Долго време постоело тврдење дека Тито го добил прекарот по римскиот цар Титус, па дуи и по пиштолот од марка ТТ-30.

Една од најчестите теории ја измислил Титовиот биограф Физрој Меклен кој тврдел дека прекарот доаѓа од спојување на два збора: Ти и То (Ти и Тоа). Но оваа теорија била поништена од самиот Тито уште кога бил издадена таа биограска книга во 1957 година.

titoobnovaЕден друг биограф, Владимир Дедиер пак тврдел дека прекарот доаѓа од еден хрватски писател од 18 век, Титуша Брезовачки. Меѓутоа Тито ја одбил и оваа теорија и решил сам да си напише биографија и да си ја каже вистината за да не се верува во лажни биографии.

Тој во 1958 година напишал објаснување по ова прашање и тоа сè уште се наоѓа во архивата СКЈ во Белград. Тито објаснува дека за време на своите илегални активности за време на војната, користел две лажни имиња, едното е Руди и го користел само за внатрешни активности, а второто Волтер кое го користел само за активности во странство.Исто така, тој го користел и името Новак, а имал и имиња со кои ги замачкувал трагите од кралската специјална полиција, а некои од тие имиња се Јон Алехандер и Спиридон Мекас.

Но, бидејќи уште еден револуционер, Радољуб Чолакович, го користел името Руди, Тито решил да измисли ново име и добил идеја да се прекрсти во Тито бидејќи се присетил дека многу одамна во неговото родно место (Загорје) ова име било многу популарно.

Но, постои уште едно верување, кое е поткрепено со аргумент, и се верува дека во своето објаснување кое се наоѓа во архивата Тито го запишал токму ова. Тој при крај на 1942 година за прв пат отишол во Цазин, град кој се наоѓа во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а таму го пречекале околу 10.000 луѓе. Додека тој бил во градот, ја посетил куќата на Нурие Поздерца, која подоцна била прогласена за национален споменик на Цазин, и одржал говор на народниот собир заедно со Поздерца. Она што најмногу ги изненадило оние кои присуствувале на народниот собир и го слушале неговиот говор е тоа што Тито раскажувал за тоа што се сака да постигне, за темелните на новата влас, но ова што најмногу ги изненадило присутните била неговата изјава “Јас сум Јосип Броз Тито, металски работник, Хрват од Загорје”.

Инаку, овој народен собир се одржал во времето кога Германија вложувала максимални напори во борбата против народно-ослободителното движење, и за своите цели го злоупотребувала името ТИТО. Па така, многу луѓе веруваат и кажуваат дека Тито го добил овој прекар од почетните букви на зборовите: “Тајна интернационална терористичка организација”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1