Како требаше да заминам во Сирија – исповед на 16 год дете


Шеснаесетгодишно момче од косовското место Витина, пред истражните органи раскажало како одлучило да се придружи на радикалната група Исламска држава во Сирија

Момчето со иницијали Д.И. на 5 август на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, беше спречено да замине за Турција. При контрола тоа кажало дека поседува само лаптоп и мобилен и признало дека оди за Истанбул, а потоа за Сирија, пренесува Вечер.

islamisti djihad terorizam

Како што вели, одлучил да го напушти школувањето и да се бори, а преку Фејсбук дошол во контакт со неколку лица кои имале врски со албанските џихадисти во Сирија.

– Со овие лица почнав да комуницирам околу два месеца пред да одлучам за заминам. Главно, мое беше инсистирањето да заминам за Сирија. Тие ми кажаа како може да стигнам таму. Целта на моето патување беше прво да стигнам во Истанбул, потоа да одам за Сирија, за да се борам, изјавило момчето, кое пред полицијата кажало дека нема родители и оти живее во сиромаштија заедно со баба му и една роднина, по што почнало силно да плаче.

Според момчето, два месеца откако воспоставило контакт со лицата преку Фејсбук, отишло во туристичка агенција и купило билет за авионскиот лет за Истанбул. Наводно при купувањето на билетот и заминувањето до аеродромот, Д.И. бил сам, но имајќи ја предвид големата сиромаштија во која живеел, истражителите се сомневаат во веродостојноста на ова тврдење.

Д.И. не е единствениот случај Косовци да се обидат да заминат за Сирија или веќе да се дел од џихадистите на ИД. Многу од нив во Сирија се заедно со сопругите и децата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1