Како во хорор филм: Млад Србин чуван во кафез цели 7 години


Како во најстрашните хорор филмови, 34-годишниот Радован М, лице со посебни потреби, со години живее во кафез, заклучен со ланци и катанци зад решетки во својата руинирана куќа во околината на Кикинда, пишуваат српските медиуми.

Кафезот во кој престојува овој несреќен човек е сместен во трошна куќа без бања, паркет и други основни услови за живот. Мајката на Радован се самоубила пред две години кога дознала дека има рак, па во куќата живее Радован со својот татко Милан Ш.

Кафезот за својот син го направил пред седум години сметајќи дека тоа е единствено решение.

– Морав да го направам тоа бидејќи Раша некогаш сака да побегне, а има и агресивни испади. Го пуштам да излезе во текот на денот. Некогаш седиме пред куќата. Но, кога имам работа и излегувам, принуден сум да го држам заклучен за да не се повреди сам или некој друг, изјавил Милан.

Вели дека, бидејќи нема бања, својот син го капе во корито.

– Добивам некоја минимална социјална помош со која го хранам Раша. Но, тоа е малку. Раша нема облека, чевли, а најпотребна ни е бања. Сепак, и покрај се, мојот Раша никогаш не е гладе – рекол Милан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1