Какво ќе биде времето


Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд, кој особено ќе биде изразен во југоисточниот дел на земјава.dozd

Во утринските часови по одделни котлини и речните долови ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10, а дневната од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје пак, времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец.

Во утринските часови ќе има услови за слаба магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1