Какво осигурување е потребно за покривање на штетите при дефект на возилото надвор од Македонија


Граѓаните кои патуваат во странство ако се соочат со дефект на возилото на автопат, трошокот за направената штета за да не го платата од џеб треба претходно да имаат обезбедено автоасистенција.

Станува збор за вид на осигурување кое целосно ќе ги покрие направените трошоци од сервис па се до сместување во хотел ако е тоа потребно. Цената за ова осигурување се движи од 500 до 1.000 денари. Сеуште мал број на граѓани го користат затоа што станува збор за нов продукт кој е воведе пред помлаку од две години.

Зелениот картон е документ кој исто така е неопходен ако се патува надвор од земјава. За многумина е спорна неговата цена. Во изминативе години постојано се поставува прашањето кога ќе дојде до негово поевтинување. Кај анс се купува по избор надвор од регистрирањето на возилото.

Според статистиката на агенцијата најмногу се рподаваат осигурителните полиси за автоодговорност, имотното и животното осигурување. Пораст има и кај каското.
Осигурувањето пак од туристичка помош бележи контонуиран раст. Во првите шест месеци од годинава склучени се над 160 милјади вакви договори или 12 илјади договори повеќе од истиот период лани. Најбројни се договорите за патнички осигурувања.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1