Kaliopi 1Како што е објавено на  нејзината официјална фан страна на Фејсбук, зафатот поминал без компликации и Калиопи успешно закрепнува.

Во соопштението уште се наведува и дека Ромео Грил, поранешниот сопруг на Калиопи, инсистирал таа да замине на лекување во Швајцарија и го организирал нејзиниот престој таму.

„Без оглед на нејзините постоперативни болки, таа се уште жали заради одложените концерти и неможноста да им се оддолжи со песна на своите фанови, кои овие денови ја опсипаа со зборови на поддршка за успешно и брзо закрепнување“, велат од менаџерскиот тим на Калиопи.

Според зборовите на урологот, Калиопи веќе утре може да ја напушти болницата и да оди на закрепнување во кругот на своите најмили.