Камионџија заспа на волан: Возачите се спасуваа кој како знае (Видео)


Хорор ситуација, од која се плашат сите возачи, се случи на еден од патиштата во Русија. Камионџија, совладан од уморот, заспал на воланот и со тешкото возило, со полна брзина, премина во другата лента. Од спротивната страна доаѓаа автомобили и камиони, кои исто така возеа брзо.vozac_zaspa-116542

Возачите, откако видоа што им се наближува, со сите сили, како знаеја и умееја, се обидуваа да го избегнат тешкото возило кое се движеше кон нив со полна брзина. Некои успеаја за влакно да се протнат, додека другите мораа да преминуваат во другата лента за да се спасат себе си.

Камионот, откако ја прелета и спротивната лента, излезе од автопатот и се заби во дрворедот во близина. Тешкото возило ги покоси и неколку дрвја кои му се најдоа на патот, пред целосно да застане. Не е познато што се случило со возачот, односно дали ја преживеал оваа тешка сообраќајка.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1