Катаклизма: Јапонија ќе ја снема од картата?!


Речиси сите жители на Јапонија,  би можеле да загинат во случај на силна вулканска ерупција што овој архипелаг веќе ја доживеал во далечното минато, пишува во студија која наскоро ќе биде објавена.

Според истражувањата на јапонските вуканолози, Јошики Татсуми и Кеик Сузуки, опасноста од такво катастрофано сценарио изнесува еден отсто, во столетието што доаѓа.vulkan

„Мора да бидеме свесни за фактите дека нема да биде ништо чудно доколку еден ден на нашиот остров дојде до голема и силна ерупција“, велат експертите, проценувајќи дека во тој случај би можеел да загинат и до 120 милиони луѓе, речиси сите жители на Јапонија.

„Во Јапонија се наоѓаат седум отсто од активните вулкани во светот и нашата земја чето е погодувана од овие природни катастрофи. Погледот е насочен кон Фуџи, каде што постои опасност од ерупција“, пишуваат научниците.
Во својот труд тие особено внимание посветуваат на калдерата Аира, гигантски кратер  кој се созда пред 28.000 години во подрачјето на Кагошима, кога имало страшна вулканска ерупција.
Било потребно 1.000 години да се обноват човечките населби во тоа подрачје.

„Доколку еден ден се повтори овој феномен во истото подрачје, седум милиони животи би можеле да исчезнат за само два часа“, се додава во студијата.

При ерупција на вулкан кој во 1923 година го зафати подрачјето на Токио, загинаа повеќе од 140.000 луѓе. Овие вулкани создаваат и цунами, како тој што во 2011 година го погоди северниот дел на Јапонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1