Католичките верници денеска го прославуваат Бадник


Римокатоличката црква и сите христијански цркви што времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го прославуваат Бадник, ден пред Божик.bozikj

Македонската, Српската и Руската православна црква, Ерусалимската патријаршија и Света Гора тој празник го прославуваат според Јулијанскиот календар, 13 дена подоцна.

Божик, 25 декември по Грегоријанскиот календар го прославуваат Римокатоличката црква, протестантските цркви како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето.

Во христијанството се верува дека Христовото раѓање донело светлост на вистината за човековиот род и дека со тој настан е исполнето старозаветното пророштво за раѓање на Спасителот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1