Ќе го бараат авионот уште една недела – ќе го најдат дотогаш или засекогаш ќе остане мистерија


Подводната потрага по малезискиот „Боинг 777“, што со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8 март за време на летот до Куала Лумпур кон Пекинг, ќе заврши за пет до седум дена, соопштија денеска  австралиските органи кои ја координираат оперцијата за пронаоѓање на остатоците од авионот во водите на Индискиот Океан.

Malezijski-avion-covek-se-moliПо повеќе од еден месец потрага по остатоците на леталото, со помош на подводниот робот АУВ на американската Воена морнарица, реонот во кој се трага по авионот е сведен на радиус од 10 километри околу местото на кое на 8 април беа регистрирани звуци кои наликуваа на сигналите што ги емитуваат црните кутии.

Координативниот центар на операцијата соопшти дека поволните временски услови ја олесниле подводната потрага и роботот АУВ за пет до седум дена ќе заврши со проверката на целиот реон во кој се претпоставува дека се наоѓаат остатоците на авионот.

Раководотелот на Координативниот центар Ангус Хјустон во понеделникот најави дека кон средината на оваа недела ќе биде прекината потрагата од воздух и на вода и дека таа ќе се насочи само на подводните пребарувања.

Но, и покрај ваквите најави на Хјустон потрагата од воздук со 11 воени авиони и на вода со 12 брода, продолжува. Подрачјето во кое се трага по авионот е со површина од околу 50.200 километри квадратни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1