Ќе го запалел станот во обид да си ги исуши гаќите во микробранова


Британските пожарникари успеале да го спасат станот од потполно уништување откако неговиот сопственик се обидел да си ги исуши гаќите и чорапите во микробранова.

Како што пренесува АП, пожарникарите од станот во Вејмут, во југозападна Англија, спасиле маж и успеале да го угасат пожарот во куњата.

Во пожарот била уништена само микрпбрановата печка, како и два пара гаќи и чорапи, а поради чадот уништени се и ѕидовите во станот.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1