Ќе се гради нов Титаник


Во Кина започна изградба на реплика на бродот „Титаник“ во природна големина, повеќе од 100 години по потонувањето на најголемиот патнички брод во тој период.TITANIC-HISTORY-100YEARS-DISASTER-BRITAIN-SOUTHAMPTON

Се очекува бродот да биде завршен до крајот на 2018 година, по што ќе биде закотвен во кинеската провинција Сичуан, оддалечена стотици километри од морето.

Речиси 300 метри долгиот брод ќе го изработи компанијата „Вучанг шипбилдинг индустри“. Верната копија на бродот ќе има банкет-сала, театар, луксузни кабини и базен.

Гостите ќе можат да вечераат и ноќеваат на бродот, но нема да можат да испловат.

„Титаник“ потона во 1912 година откако удри во голема санта мраз. Во несреќата загинаа повеќе од 1.500 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1