Ќе се подигне споменик на Есма Реџепова


Пратеникот Амди Бајрам на седницата за пратенички прашања побара да се изгради споменик на гробот на Есма Реџепова Теодосиевска.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски го упати Бајрам, процедурата за подигање споменик на Есма да оди преку Собранието, бидејќи станува збор за национален уметник.

Премиерорт Зоран Заев пак, рече дека првпат слуша дека има барање за подигање спомненик на Есма на гробиштата во Бутел. Според Заев, тоа е недозволиво, бидејќи Есма заслужув достоинствено да се одбележи нејзиното дело. За ова, како што рече премиерот, владата има средства и ќе разговара со пратениците и со Фондацијата за зачувување на името и делото на Есма Реџепова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1