Ќе се снима нов „Матрикс“, еве кој ќе го замени Кијану Ривс


Обожавателите на филмот „Матрикс“ конечно ќе се израдуваат. Имено, Warner Bross официјално објави дека размислуваат за повторно снимање на овој научно – фантастичен акционен филм, пренесува „Elite Daily“.01-matrix-rimejk-1245

Сè уште не е јасно како ќе изгледа овој римејк, односно дали ќе се сними како филм или како серија, но познато е дека сценаристот на „Матрикс“, Зак Пен, ќе го напише сценариото и за него.

Иако тоа сè уште не е официјално потврдено, улогата на Нио која ја глумеше Кијану Ривс би требало да ја добие Мајкл Б. Џордан кој е познат по улогите во филмовите “Creed” и „Fruitvale Station”.02-matrix-rimejk-1245

Кога во 1999 година „Матрикс“ беше пуштен во кината, стана инстант филмска сензација и ги освои срцата на публиката и критиката. 52 – годишниот Кијану Ривс неодамна повторно работел со поранешниот колега од „Матрикс“, Лоренс Фишбурн, на снимањето на филмот “John Wick: Chapter 2”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1