Kако ретко кога македонски и албански граѓани се најдоа на иста фрекфенцијa, а притоа не се работи за национални и етнички теми.

protest_maski-1-Денеска во галвниот град група активисти  изразија поддршка за демонстрантите кои што во Албанија деновиве протестираа против одлуката за уништување на сириското хемиско оружје на албанска територија.

Пред амбасадата на Република Албанија во Скопје беше побарано владата во Тирана да го одбие барањето на Вашингтон хемиското оружје на Асад  да биде уништено албанска територија, на само педесетина километри од македонската граница.

Паралелно со протестот на кој се носеа и гас маски,  а на кој не учествуваа невладини организации, партијата Дом побара владата и дипломатите да влијаат на албанската влада.  И покрај тоа што спикерот на парламентот Илир Мета во Тирана порача дека одлуката нема да биде донесена без да се слушне гласот на народот, американски експерти  потврдија дека одлуката е веќе донесена.

Доколку таа не биде повлечена уништувањето на хемиското оружје треба да се случи во мала фабрика на 50 километри од македонската граница во близина на градот Елбасан на крајот на јануари. Албанија во 2007 година за шест месеци уништи 16 тони отровен гас мустард, а сега ќе се соочи со 1.300 тони опасно сириско хемиско оружје чие уништување претходно поради голем ризик го одби Норвешка.

Пред 8 години албанската јавност без никаков проблем се согласи на давање државјанства на 5 ослободени кинески исламисти од американскиот затвор  Гуантанамо. Сега ниту најавената финансиската помош на Вашингтон не може да ги убеди Албанците да молчат за барањата на стратешкиот партнер.