Кеба прегазил девојка на пешачки премин


На улицата „Париска комуна“ во Нов Белград, денеска во 19.55 дошло до сообраќајна несреќа во која Драган Којиќ Кеба со автомобил марка “ауди“ удрил осумнаесетгодишна тинејџерка, која во тој момент поминувала на пешачки премин.

Очевидците за српските медиуми раскажуваат дека Кеба после несреќата бил во шок.

Излегол од автомобилот и повикал Брза помош, а на повредената девојка и повторувал “диши, диши“.

Девојката не можела да се помрдне од повредите, а пејачот во автомобилот ја дочекал полицијата.

Повредената тинејџерка итно е префрлена во болница и во моментов се утврдува степенот на повреда.

Кеба како што пренесуваат српските медиуми, исто така е во болница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1