Кенгур побегнал од зоолошка градина, му помогнале вепар и лисица!


Звучи како приказна за деца, но пореално не може да биде! Исто како во бегство од затвор, станува збор за добро разработена шема, која во случајов има и „надворешни играчи“ – па слободата е неизбежна.

Три кенгури се провлекле низ дупка која што ја ископале шумски животни, двата се фатени. а третиот е се уште на слобода, интензивно се трага по бегалецот!

Кенгурите побегнале од германска зоолошка градина во саботата вечерта, во тоа како што велат од зоолошката сосема ненамерно им помогнале животни од блиската шума. За да избегаат од кафезот им помогнала лисицата која ископала дупка покрај оградата, додека пак за непречено излегување од паркот бил задолжен вепарот кој „оперирал“ покрај надворешната ограда.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1