Ќерката на Аркан прозборе: Татко ми ми го вети ова пред смртта


Софија Ражнатовиќ, вонбрачната ќерка на покојниот Аркан, која дојде на 17-годишниот помен на татка си, за прв пат прозборе за медиумите, за својот татко, својот живот и односот со својата маќеа Цеца.

– Дојдов да оддадам почит на својот татко кој многу го сакав. Иако веќе цели 17 години не е меѓу нас, живее и понатаму во мене. За мене ова е најтежок ден во животот. Живеам далеку и не доаѓам често, но мило ми е што денес сум овде во Србија за да си ги испочитувам родителите. Полно ми беше срцето кога ги видов сите негови пријтели кои ги сакаше неизмерно, вели Софија.arkan kjerka3

Таа вели дека Аркан за неа бил најдобриот човек на светот, грижлив татко и човек полн со љубов.

– Беше внимателен кон децата, особено кон мене, се лутеше кога се враќав доцна од ноќните излегувања. Знам дека беше познат, но кон децата беше сосема поинаков, нежен и полн со љубов. Секогаш сакаше да бидеме една голема и сложна фамилија, додава Софија низ солзи.

Последниот разговор со татка си го имала неколку дена пред смртта.

– Сакаше да ми среди документи за да добијам српски пасош. Разговаравме за тоа, ми вети дека ќе среди и дека ќе биеме заедно, вели таа.

Исто така, за својата маќеа Цеца, има само пофални зборови:

– Цеца многу ја почитувам, таа за мене е силна жена. Со огле на тоа дека не живеам тука не знам дали нешто лошо се зборува за неа и за нас, но немам никаков проблем со неа и никогаш не сум ни имала. Се сложувам со целата фамилија, вели Софија.

Додава дека не се постојано во контакт со браќата и сестрите бидејќи секој го живее својот живот, но со Цеца постојано се слуша и ги сака нејзините песни.

– Мене ми е важно сите да се живи и здрави, завршува Софија.

Зап отсетување, Аркан Софија ја добил од кратката врска со социјалната работничка која се грижела за него во белгискиот затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1