„Ќерката“ на Салвадор Дали ќе мора да го сноси трошоците за ексхумацијата


Каталонката што бараше ексхумација на телото на шпанскиот уметник Салвадор Дали поради утврдување на татковството, ќе мора да ги сноси трошоците на таа процедура, соопштија извори блиски на шпанскиот суд.

Судијата во Мадрид на 13 октомври потврди дека резултатите од тестовите на примероците на ДНК земени од телото на уметникот утврдиле дека Дали и Каталонката Пилар Абел (62) не се во никакво крвно сродство, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Судот наложил Пилар Абел да ги плати трошоците на процедурата на ексхумацијата, навеле извори што не ја прецизирале сумата која, според процената на „Франс прес“, веројатно била голема.

Несудената „ќерка“ има право да вложи жалба на судската одлука.

Пилар Абел, која за себе вели дека е јасновитка и се занимава со прорекување на судбината преку карти, поднесе пред неколку месеци барање до судот за ексхумација на телото на Салвадор Дали, бидејќи тврдеше дека е негова ќерка и дека нејзината мајка имала авантура со уметникот.

Ексхумацијата била спроведена на крајот на јули далеку од очите на јавноста, а присутните морале да ги остават своите мобилни телефони на влезот на театарот музеј „Дали“ во Фигуерас, каде што е погребан уметникот, кој умре на 23 јануари 1989 година, на 85 години. Фондацијата и Музејот презедоа чекори за да спречат фотографии од ексхумацијата да се појават во јавност така што била поставена и стаклена купола за да не може да се снима од беспилотни летала.

Неговата ексхумација и тврдењето на патологот дека балсамираното тело на Дали останало исто како и неговите ексцентрични мустаќи, предизвика светско внимание. Доколку се утврдеше татковството, Пилар Абел би имало право да бара 25 осто од наследството на уметникот кое ѝ припаѓа на шпанската држава, што сега е во сопственост на јавна фондација.

Салвадор Дали (1904-1989) според многу критирачи беше „мајстор на надреализмот“ и еден од најзначајните уметници на 20 век. Се занимавал со сликање, пишување, вајарство, сценографија и глума. Целиот живот верувал во својата посебност. Едни го сметаа за гениј, додека други зборуваа за него како за налудничав егоцентрик, чиишто дела се безвредни.

Иако шпанските ликовни критичари секогаш го сметаа за претенциозен и неталентиран шарлатан, популарноста и продажната цена на неговите дела непрестано растеа. Светските колекционери денес плаќаат милиони долари за во својата колекција да имаат барем една слика од Дали.

Шпанските експерти за судска медицина зедoa примероци од косата, ноктите и од коските на познатиот сликар за да се утврди татковство. Форензичарите го отвориле неговиот ковчег, а на земањето мостри можеле да присуствуваат само пет лица – судија, тројца истражители и еден асистент.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1