Кичевчанец пронајден мртов во својот дом со модринки на вратот, обвинителот веднаш побара обдукција


Синоќа околу 19,00 часот во Кичево на ул.„11 Октомври“ било пријавено дека во неговиот дом бил пронајден починат И.П.(42).

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт а на телото биле забележани видливи повреди во вид на модринки и црвенило во пределот на подбрадокот и вратот.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1