Киднапирана тинејџерка пронајдена расечена на парчиња (ФОТО+ВИДЕО)


Беки Вотс (16) исчезнала на 19-ти февруари, а сè до вчера полицијата немала никакви информации за неа.Имено, по дојавата, распарченото тело на тинејџерка било пронајдено во една населба во близина на Бристол. По откритието на човековите остатоци за кои се мисли дека се нејзини, полицијата во Велика Британија уапсила пет лица.

Меѓу уапсените се 28-годишен маж и 21-годишна девојка, а ѝ двајцата се товарат за киднапирање на Беки Вотс.
rebecca-watts
-Како резултат на најновите податоци кои ги добивме вчера, дојдовме да пребараме една куќа во населбата Бартон Хил. Информацијата упатуваше на тоа дека телото на тинејџерката било распарчено, па водејќи се по тоа, дојдовме до откритието, објаснил детективот Мајк Кортиор.
Семејството на Беки било известено за ова откритие, иако сè уште не е објавена идентификацијата на телото. Полицијата продолжила со истрагата на имотот, а нејзиното семејство е во шок.
-Не ни е јасно зошто некој би сакал да ја повреди нашата Беки на така брутален начин. Се додека случајот не биде решен, нема да ја коментираме истрагата и ве молиме да ја почитувате нашата приватност, стои во соопштението на Ватс.teen-ubistvo3
Беки Вотс исчезнала на 19-ти февруари кога излегла од својот дом. Во себе имала телефон, лап топ и таблет, но на пријателите не им кажала каде ќе оди, а со себе не понела друга облека.
Во полициската истрага учествуваат редари од соседниот округ, како и тим специјалци со кучиња. Ангажиран бил и хеликоптер. Полицијата го пребарала и црниот автомобил од марката “Опел”, кој бил паркиран пред уште една локација во истрагата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1