Ким Кардашијан доби ќерка од мајка сурогат


Ким Кардашијан и Кање Вест, на изненадување на многумина, објавија дека добија трето дете, поточно ќерка која им ја роди сурогат мајка

Имено, Ким на својот Твитер профил ги објави убавите вести, но не откри како ќе се вика нивната ќерка.

-Канје и јас сме пресреќни што може да го објавиме доаѓањето на нашето здраво, прекрасно девојче. Неверојатно сме и благодарни на сурогат мајката која ги оствари нашите соништа и ни го даде најубавиот подарок кој може да се даде, како и на прекрасните доктори и сестрите за нивната специјална грижа, напиша најпозната старлета на светот.Да потсетиме, Ким имаше големи проблеми во текот на своите две бремености па докторите и советуваа повеќе да не раѓа. Поради тоа се одлучија на сурогат мајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1