Ким Кардашијан од својата порно снимка заработи 9,5 милиони евра


Домашната порно-снимка на Ким Кардашијан и Реј Џеј протече пред десет години, но двојката на него заработува и денес. Старлетата Ким Кардашиан (36) во 2003 година се снимила додека има секс со бившото момче, раперот Реј Џеј (36).

Снимката „Ким Кардашијан Суперстар“ во 2007 година се појавила во јавност, а ријалити звездата оттогаш својата сметка во банка, наводно, ја зголемила за 9,5 милиони евра. Домашното видео ја прославило старлетата.kim-kardashian500

Нивниот порно-филм некој го гледа на секои 15 секунди, пишува порталот ТМЗ. Бројот на прегледи растел молскавично кога Ким се омажила за Крис Хемфрис, а потоа и кога се развела од него. Истото се случило и кога се појавила со „гол задник“ на насловната страна на магазинот „Пејпер“.

Ким била во Австралија во друштво на пријателката Парис Хилтон кога дознала дека нејзината домашна снимка со секс завршила во јавност. Ким и Реј се снимале за време на одморот во Мексико, каде го прославиле 23-тиот роденден на Ким.

Бившиот уредник на таблоидот „Интач викли“ неодамна открил дека Ким, пред појавувањето на порничот, често му се јавувала и го молела да и „среди“ да пишуваат за неа. Наводно се обидел „да и среди“ лажна врска со еден пејач, поради популарност, но не успеале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1