Кинеска блогерка случајно се отру во тек на пренос во живо


Ѕвездата на кинеските социјални мрежи, блогерката Мс Зенг, случајно самата се отру при емитување на видео во живо, сакајќи да ги покаже сите предности на билката алое вера.

Имено, таа купила погрешен вид на билката и тоа што го пробала при преносот воопшто не било алое вера, што таа го сфатила дури кога почнало нејзинот дејство.

Видео-снимката набрзо ја пренесоа многу кинески сајтови.

На почетокот на снимката се слуша како 26-годишната девојка вели „ова е прекрасно“, додека јаде од билката. Сепак, работите набрзо се сменуваат кога таа сфаќа дека нешто не е во ред, велејќи дека билката е премногу горчлива.

Устата почнува да и се вкочанува, а како што тврди грлото почнало да и гори.

Според кинеските медиуми, лекарите кои ја примиле в болница, соопштија дека таа конзумирала опасен вид на билка и морале да го испразнат желудникот. Сега нејзината состојба е стабилна.

Билата агава, која ја конзумира, расте во Мексико и се користи во кулинарството, како и во текила, но е неопходна внимателна подготовка.

Од Универзитетот во Корнел соопштија дека агавата може да биде многу токсична.

– Агава американа има неколку отровни состојки, не се сите позитивно идентификувани. Најверојатно содржат некои иритирачки масла во својот сок, соопшти Универизтетот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1