книшките и сините картони заминуваат во историјата – од септември електронски здравствени книшки


Електронската здравствена картичка, како што се наведува, во прв момент ќе значи укинување на сини картони, а потоа и на хартиената здравствена легитимација.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги информираше државните претпријатија и јавните институции да ги подигнат електронските здравствени картички. Во септември ќе можат истото да го направат и приватните фирми и кон крајот на годината ќе биде овозможено граѓаните да достават доказ за платена здравствена картичка и да си ја подигнат од подрачните служби.

Електронската здравствена картичка, како што се наведува, во прв момент ќе значи укинување на сини картони, а потоа и на хартиената здравствена легитимација.

Електронската картичка чини 250 денари, за невработени лица, пензионери чија пензија не надминува 15.000 денари, самохраните родители, деца без родители и родителска грижа до 18 година, како и за лицата осигурани преку нив – 100 денари

Ослободени од трошоците за новата здравствена картичка се корисниците на социјална парична помош и членовите на нивните семејства, како и лицата корисници на постојана парична помош.

Секоја картичка го идентификува лицето во здравствениот и останатите системи во Република Македонија.

Електронската здравствена картичка ќе се користи при секоја посета на лекар, при користење на болнички, лабораториски и останати медицински услуги, земање на лекови во аптеките, земање на медицински помагала, користење на услуги на брзата помош и при сите останати процеси.

Секој корисник на картичката ќе има можност преку апликација достапна на интернет страниците на ФЗОМ, самостојно да ја користи картичката за промена на PIN-от, за читање на личните медицински податоци запишани во електронската здравствена картичка и останатите функционалности, доколку се поддржани, а во согласност со предефинираните права на централно управуваната авторизација, стои во соопштението од ФЗОМ.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

Current ye@r *

заработка преку интернет - најдобри paid-per-click сајтови во 2013

  • - 0.02$ по клик
  • - на интернет од 2008
  • - минимална исплата 2$
  • - исплата преку PayPal, Payza, Neteller
  • - 0.02$ по клик, 40% Ref. Commission
  • - на интернет од 2007
  • - минимална исплата 6$
  • - исплата преку PayPal, Payza
  • - 0.011$ по клик
  • - 50% Ref. Commission
  • - минимална исплата 7.99$
  • - исплата преку PayPal, Payza

како да заработите од овие сајтови прочитајте на следниот линк

  • - како да препознаете измама
  • - кои се најдобри стратегии за заработка
  • - и како да наплатите
UA-33057274-1