„Кога синот ми умираше мислев дека нема да издржам“- ова бил најтешкиот момент од животот на Љубиша


Легендата на српската и југословенската кинематографија Љубиша Самарџиќ почина  на 81-годишна возраст после долга и тешка болест.

Животот не го мазел, но омилениот Смоки секогаш се издигнувал со крената глава и во најтешките моменти. Најсилен удар имал кога останал без синот Драган, кој починал на 34-годишна возраст од леукемија, но со помош на неговата сопруга Мирјана, која била неговата безрезервна поддршка, успеал да се избори и да продолжи понатаму.

-Кога Гаги замина, мислев дека нема да издржам и дека наскоро ќе ми дојде крајот, но сопругата ме тргна и ме натера да работам, бидејќи знаеше дека во тоа ќе најдам смисла за опстанок. Беше во право. Ние имаме несебичен однос и во работата и во животот, што е реткост за денешните бракови. Заедно сме посилни, успешно им одолеваме на лошите погледи – изјавил Љубиша Самарџиќ неколку години пред смртта.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1