Кои се вашите права кога работите прекувремено?


Со уредувањето на работното време се обезбедува  потребниот труд за исполнување на предвидените работи, а од друга страна се овозможува заштита на работниците од предолгото траење на работниот ден, што штетно би влијаело врз нивното здравје и оневозможување на слободното време, кое работникот би го користел за својот личен живот и за задоволување на своите лични потреби.

sleeping workПолното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно ако договорот за вработување гласи на полно работно време. Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно.

На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.

Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот и за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.

За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок како додаток на основната плата утврдена во договорот за вработување.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
– прекувремена работа ………………………………………………… 35%
– работа ноќе………………………………………………………………… 35%
– работа во три смени ……………………………………………………. 5%
– работа во ден на неделен одмор.. ………………………………. 50%

За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со  закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога  во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50%.

Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат .

Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени.

–ПРАВДИКО–

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1