Кој е рускиот шпион кој лежи во британска болница во критична состојба?


Сергеј Скрипал, поранешен руски воен командант и агент на руската воена-разузнавачка агенција “GRU”, кој од 2010. година живее во Англија, е во болница во Салисбури во критична состојба, судејќи по се е отруен.

Ако ова ви звучи како дежа ву, не сте единствени. “Ова е како дежа ву, како тоа што ми се случи на мене пред 11 години”, рекла Марина Литвиненко, вдовицата на пребеганиот руски агент на FSB, Александар Литвиненко. Тој, потсетуваме, умрел од радиоактивно зрачење, а британската истрага утврдила дека двајца руски агенти го отруле со полониум, кој му го вметнале во чајот, во хотелот “Милениум” во центарот на Лондон. 

Паралелите меѓу Литвиненко и Скрипал се повеќе од слични: двајцата се поранешни руски разузнавачи кои се одметнале од Москва и добиле азил во Велика Британија, каде соработувале со тамошните власти. Но, за разлика од Литвиненко, Скрипал пред тоа во Русија бил фатен и осуден за “велепредавство во облик на шпионажа” во 2006., на 14 години, поради обвинение дека станал двоен агент и издавал руски тајни на Обединетото кралство. Руското обвинителство утврдило дека британската разузнавачка служба MI6 му платила 100.000 долари за државните тајни кои им ги предавал во 90-тите.

Осуден за велепредавство па пуштен при размена на шпиони во 2010. година

“Ме надигравте”, наводно им рекол Скрипал на агентите на FSB откако го уапсиле, пренесува “Guardian”. Портпаролот на FSB го споредил со полковникот Олег Пенсковски, кој Советскиот сојуз го осудил и ликвидирал во 1963. година поради издавање на информации за време на кубанската ракетна криза, која за малку ќе довела до нуклеарна војна. Иако некои агенти биле осудени и затворени поради несогласувања со Путин, оваа пресуда била основана. Скрипал бил помилуван и пуштен во Велика Британија при размена на шпиони меѓу САД и Русија во 2010. година.

Во “студено-воен” стил, шпионите биле разменети на аеродром во Виена. Меѓу десетте руски шпиони кои САД ги предале, била и озлогласената Ана Чапмен, ќерка на руски дипломат која живеела во САД десет години и за омажила за Англичанец. Уапсена била во Њујорк кога таен агент на ФБИ и продал лажен пасош, а американските обвинители тврдат дека користела посебно криптиран лап топ, за да праќа пораки до неименуван руски службеник.

Во Америка и Велика Британија биле пуштени 4 шпиони, меѓу кои бил и Срипал, за кој се претпоставувале дека таму добил и пензија, нов идентитет и дом. Меѓутоа, британските државни документи покажуваат дека купил куќа на свое име во 2011. година и тоа без кредит, само една година откако бил ослободен.

Игор Сутјагин, друг шпион кој работел за MI6 и бил ослободен во истата размена, за “Guardian” коментирал дека не знае дали труењето на Скрипала е руска одмазда. “Се е тоа хипотетски”, рекол тој, но и додал:

“Владимир Путин еднаш го прашаа какви луѓе постојат на светот. Рече предавници и непријатели. Еден руски дипломат во Лондон ми кажа дека Путин ме споредил со Јуда. Тоа е нивниот став”. Путин во гостувањето на една руска телевизија по фаќањето на руските шпиони рекол дека што и да добиле во замена за предавството на својата земја, “ќе се удават во истото”.

Британските медиуми шпекулираат дека 65-годишниот Скрипал, кој во неделата бил пронајден во несвесна состојба на клупа во трговскиот центар Малтингс во Салисбери, заедно со 33-годишна жена, можеби е отруен со Фентанил – синтетички опијат многу посилен од хероин, кој може да биде фатален и во мали дози. Минувачката која го видела парот во трговскиот центар рекла дека Скрипал правел чудни движења со рацете и дека двајцата изгледале како да “земале нешто навистина силно”.

Иако местото на инцидентот истиот ден го пребарале службениците од безбедносните одделенија, британскиот Завод за јавно здравство соопштил дека “според досега достапните информации, нема познат ризик за јавното здравје”. “Ова не е прогласено за антитерористички инцидент и сакаме да ургираме да не се шпекулира. Сепак, морам да нагласам дека работиме со отворен ум и ќе продолжиме да ја ревидираме оваа позиција”, рекол помошник шефот на полицијата Крег Холден.

Скрипал отруен непосредно пред руските избори

Соседот на Скрипал, Џејмс Путок, го опишал како многу тивок, додавајќи дека “ќе ве поздравел ако мене покрај вас и дека личел како добар човек”. “Кога се всели, не повика на забава за вселување, мислам дека ја покани целата улица”, рекол Путок и додал дека “луѓе доаѓале и заминувале од неговата куќа”, но дека не обрнувал многу внимание. Скрипал возел и BMW, но општо делувал “опуштено”.

Руските власти, кои поради смртта на Литвиненко со години имале затегнати односи со британските, велат дека се отворени за соработка за истрагата околу Скрипал. Путин, секако , претходно негирал било каква вмешаност во убиството на Литвиненко и одбил да ги предаде осомничените убијци. Како и да е, еден од нив, Андреј Луговој, денес е пратеник во партијата на Путин во Руската Дума. Директорот на британското доверителство за истрагата на ова убиство, Сир Роберт Овен, заклучил во 2016. година дека ФСБ го наредила убиството и ги пратила Луговој и Дмитриј Ковтун со таа цел во Лондон, и дека Путин веројатно ја одобрил целата мисија.

“Во Русија и натаму на сила е старомодниот состав на КГБ. Сето тоа уште е исто. Ако постои наредба некој да се убие, тоа и ќе се случи”, заклучува Марина Литвиненко. Алекс Голдфарб, кој му помогнал на Литвиненко во 2000. година да побегне од Русија, исто така смета дека убиството на Скрипал е дел од руски заговор. “Посебно е интересно што убиството доаѓа пред претседателските избори. Путин го одликуваше Луговој и го направи национален херој. Тој очигледно гледа корист за изборите во вакви активности”, вели Голдфарб.

Од друга страна, одредени руски новинари веќе се обидуваат да ја претстават целата работа како уште еден заговор на западните тајни служби, со кој сакаат да го оцрнат рускиот претседател

tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1