Кој не сака џамлии?


Љубителите на џамлии знаат дека во шарените стаклени топки се крие добра забава, натпреварувачки дух и љубов кон колекционерството. Не им ја скратувајте убавата забава на своте деца, туку запознајте ги со тајните на оваа стара игра.


Џамлиите имаат традиција долга околу 5000 години и за време на долгиот животен век, се забавувале бројни генерации ширум светот. Целта на играта е едноставна, да се погоди со својата џамлија, џамлијата на противникот. Правилата можат да се променат и во договор меѓу натпреварувачите.

Последните неколку децении важеше правилото прво да се погодат дупките, а потоа да се „нападне“ противничката џамлија. Ако некогаш сте играле џамлии, веројатно се сеќавате дека во оваа игра нема местење или повлекување на потезите.

Правилото да се предаде џамлијата на победникот, многумина ги научи дека не треба да играат со својата омилена џамлија. Иако многумина пораснаа со џамлиите, денешната младина ретко наоѓа време да се забавува со оваа стара игра. Порано порцеланките беа едни од најдобро рангираните тркалезни „каменчиња“. Можеа да се купат на секое продажно место.

Поголемите џамлии, не беа особено интересни за натпреварување. Поголемиот дел ги собираа поради интересните шари, и дополнување на колекцијата. Прочуениот „југословен“, поради боите на знамето на Југославија, беа посебен дел од колекцијата и не се менуваа за други џамлии освен ако не се направи некоја добра трампа. Џамлиите кои изгледаа како мрежа беа ретки, и речиси не се користеа за натпреварувања.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1