Која е вашата животна тарот карта?


Легендата вели дека тарот картите се создадени за да биде забележано мистичното значење. Некои од нив носат пораки за општите човекови вредности. Откријте која карта најдобро ве опишува и со нејзина помош истражете го својот потенцијал, пишува 365.ком.мк.

Тарот го опишува животот

tarot02Често се вели дека сликата вреди илјада зборови, а симболот содржи богатство од суптилни значења. Сликата и симболот во нас предизвикува различни расположенија, асоцијации, а понекогаш и длабоки емотивни реакции. Тоа е моќно средство со чија помош ќе научите нешто повеќе за себеси. Една од легендите за тарот кажува дека тие всушност настанале за во нивните симболи да се скрие значењето. Во средниот век, кога преовладувало суеверието, а значењето се сметало за опасно, мудрите и учени луѓе се досетиле на кој начин да го сокријат драгоценото значење за животот во овие симболи.

Тарот картите на симболичен начин го опишуваат животот и неговата разновидна енергија, животни ситуации, чувства и стравови. Ги има во различни форми, бои и различен изглед. Картите се означени со бројки, што овозможува да ја пресметате вашата животна крата. Следете ги инструкциите.

Како да го пресметате вашиот број

tarotПоединечните бројки од вашиот датум на раѓање треба да се собере нивниот збир за да се добие едноцифрен број. На пример, вашиот датум на раѓање е 27. 09. 1977 година, постапката е следната?
2 + 7 = 9
0 + 9 = 9
1 + 9 + 7 + 7 = 24 = 2 + 4 = 6
9 + 9 + 6 = 24 = 2 + 4 = 6!
Конечниот едноцифрен број кој го добивме е бројот 6. Тоа е вашиот животен број, а тарот картата со бројот 6 е вашата животна карта. Во неговото симболично значење може да ги препознаете своите карактеристики, темата на својот живот, својата животна мисија. Ако не ги „препознаете“ своите карактеристики во животната карта, можеби се уште не сте ги откриле некои своите можности… Можеби ќе ве инспирира и ќе ве однесе еден чекор до подлабоко разбирање на себеси! Вдлабочете се во симболот и бојата на својата карта, медитирајте за неа, препуштете се на фантазијата и добро забавувајте се!

Screenshot_8

БРОЈ 1: Волшебник

Креативна иницијатива

Волшебникот е решителна личност кој својата енергија ја насочува кон создавање. Неговиот ум е окупиран со големи идеи, а срцето гори од страсна желба да ги оствари. Неговата инспирација доаѓа од небесните височини, а тој сака да ги претвори во убавината на материјалната реалност. Гледаме дека Волшебникот во едната рака е крената кон небото, а другата вперена кон земјата. Околу него животот цвета во полн цут. На масата има пехар, меч, стап и монети- симболи на тарот. Волшебникот знае дека низ него поминува творечка сила која е поголема од него, па својот креативен подарок благодарно го прима.

Ако вашата животна карта е Волшебник, вие сте немирна личност, со љубопитен дух. Темата на вашиот живот е придвижување на настани, реализација на визии. Храбро ќе го следите своето срце. Понекогаш сте занесени од невидливите светови на идеите, чувствата и инспирациите, но сепак не го губите контактот со реалноста. Вие сте стабилна личност која живее исполнет живот и која дава со целото срце.

Screenshot_9

БРОЈ 2: Првосвештеничка

Внатрешна вистина

Првосвештеничката е мистериозна личност насочена кон себеси. Таа знае дека зад видливиот свет постојат скриени сили на емоции и несвесното. Што и да се случува во нејзината душа, тоа е чувано од превезот на тајноста, како што превезот на нејзините рамења кој се претвора во вода. Водата на која седи Првосвештеничката е мирна и е големата вода на несвесното. И другиот симбол опишува богата содржина, што се крие во нашиот внатрешен свет, како што е плодната прачка завеса зад неа и полумесечината под нејзините нозе, која исто така го симболизираат несвесното. Првосвештеничката ја знае внатрешната вистина, таа и самата е симбол на интуицијата.

Ако вашата животна карта е Првосвештеничка, вие сте личност со префинета животна енергија. Предизвикувате интерес со својата смиреност и сила која во вас се насетува. Вие сте мистериозни, внимателни и многу креативни. Вашата животна мисија е да ја спознаете внатрешната вистина, да работите со невидливите сили на несвесното, со енергијата на чувствата. Учени од сопствено искуство, управувани од љубов и мудрост, можете да им помогнете на другите.

Screenshot_10

БРОЈ 3:

Изобилство и животна радост

Царицата е личност која знае да ужива во животот. Гламурзна, весела и чувствителна, зрачи со самодоверба. За неа, тајната на животот е љубовта и големото срце. Царицата ужива во малите работи бидејќи знае дека живот е голем кој е нанижан од мали бисери кои ги нуди секојдневието. Затоа, таа подеднакво се радува на јагодите, детскиот цртеж, скапиот парфем и кафето со пријател. Реалниот живот кој е на дофат на рацете нуди опипливи резултати и богатство на животот. На големите зборови и нереалните фантазии не сака да губи време. Картата прикажува свечено облечена, убава жена која самоуверено седи во луксузна градина- живот кој нуди многу.

Ако вашата животна карта е Царица, вие сте практична и уравнотежена личност која добро се снаоѓа во материјалниот свет. Во својот живот лесно го привлекувате богатството и изобилството, а тоа е вашата најважна животна мисија. Ги цените семејните вредности. Вашата весела природа привлекува пријатели, ве сакаат како соработник и ги ценат вашите совети.

БРОЈ 4: Цар

Создавање безбедност

Screenshot_11

Достоинствен и авторитетен, Царот не се плаши од одговорност. Тој има храброст, знаење, морал и со цврста рака се води низ животот, а често и други. Ги почитува правилата и обврските, стрпливо го гради успехот. Моќта и авторитетот на Царот е прикажан на картата со симболите на моќ и иницијатива- глави на овен на неговиот престол. Под меката облека е воениот оклоп, што значи дека во секое време е подготвен да дејствува. Сепак, неговата бела брада асоцира на мудрост, а жезолот на подготвеност да владее и да превзема одговорност.

Ако вашата животна карта е Цар, значи дека владеете со своите чувства. Екстремно сте дисциплинирани, сериозни, имате силно чувство на одговорност и самоконтрола. Вашата животна мисија е создавање и одржување на безбедност. Добро се грижите за своето семејство, совесно работите. Длабоката свест за тоа дека животот има светла и темна страна ве држи во алармантност, но не и во страв. Подготвени се соочувате со сè што животот ќе ви донесе, сигурни во себе и во својата моќ.

Screenshot_12

Број 5: Свештеник

Моќ на знаење

Свештеникот е личност која што е водена низ животот од желбата за знаење. Тој внимателно ги собира информациите и учи, секогаш е во потрага за длабоки размислувања за животот. Претставува глас на разумот, глас на општоприфатените вредности и закони. Свештеникот верува во вистината и има неодолива потреба да ја пренесе на другите. Црвениот фустан на свештеникот што го гледаме во картата е симбол на страствена вера и вистина, знаење и правила. Цврстите столбови зад него се симбол на стабилноста која ја дава, додека ги прифаќате неговите правила.

Ако вашата животна карта е Свештеник, вашата животна мисија вклучува учење, подучување, друштвени активности. За сè имате свое мислење и со задоволство го споделувате. Подготвено ги следите правилата и ја почитувате традицијата, бидејќи таа ви дава сигурност. Со леснотија се вклопувате во друштвените и работни организации, во семејната хиерархија. Вие се друштвени, хуманитарни и религиски активист, па можете да направите многу добрина во едукацијата и започнувањето на проекти од општа важност.

Љубовници

Број 6: Љубовници

Важноста на изборот и љубовта

Енергијата на љубовницте е насочена кон создавање на врски. Тоа не се само љубовни врски, туку цела низа на луѓе, идеи, работа со која љубовниците ја делат својата енергија. Притоа, важно е да се направи добар избор. Кога бираме, понекогаш нè носат чуствата, разумот, идеализмот или практичноста. Изборот станува полесен кога знаеме што сакаме. Тогаш можеме да останеме верни на себе си.

Ако се Љубовниците ваша карта, животната мисија ви е внимателно да ги бирате и прифаќате последиците од своите избори. За вас е љубовта најважна сила, , во чија позитивна енергија сосема верувате. Таа е како ангел прикажан на картата, која ги штити љубовниците на нивниот пат.  Љубовта ќе го охрабри вашето срце да остане отворено кон животот и луѓето, подготвено за помош и сочувство. Луѓето ве сакаат бидејќи сте пријатна личност која има насмевка и разбирање за сите.

автомобил

Број 7: Автомобил

Сила на волјата

Автомобилите се симбол за силна личност со цврста волја која од својот живот сака да направи нешто големо и значајно. За успех треба да се потрудите и се има своја цена. Автомобилите се средство кое ве води во битка, а возачот е добро опремен и храбар. Има јасна цел, точно знае што сака, па зрачи со самоувереност и сила. Подготвен е за предизвици. На картата гледаме црна и бела сфинга кои мирно чекаат управувајќи запрежна кола. Тоа е симбол на скротени нагони, самоконтрола, способност да внатрешните емотивни сили да се користат конструктивно.

Ако е тоа вашата животна карта, знаете што сакате и како да го добиете истото. Победата е тема на вашиот живот. Во постојана потрага по предизвици ја зајакнувате самодовербата и развивате здраво его. Имате менталитет на победник, што многу често ги импресионира другите. Лесно превземате улога на лидер, а често и несвесно покажувате доминација која извира од вашата одлучност и јасно зацртани цели. Подготвени сте сами да го заслужите вашиот успех, а среќата ги следи храбрите

сила

Број 8: Сила

Доверба во животот

Силата симболизира личност која што храбро движи низ животот. Храброста извира од довербата во животот и сопствената сила. За да ја почувствуваме, мораме прво да се сакаме себе, а потоа со полна сила можеме да им дадеме на другите. На картите гледаме жена која со голи раце и венец од цвеќе скротува лав. Нејзините раце се нежни, а нејзиниот допир нема силина, но сепак таа неплашливо го скротува опасениот ѕвер со чиста сила и верба за живот, храброст која што извира од љубовта.

Ако е Силата вашата животна карта, вие сте личност со силен карактер. Вашиот авторитет извира од вашата одлучност. Вие не морате да ја демонстрирате својата сила, бидејќи имате трпеливост и сочувство. Управувате со секоја ситуација, но тоа не го правите под притисок или застрашување, туку разбирање и внатрешна сила. Вам луѓето инстиктивно ви го препуштаат водството, надевајќи се дека со својата храброст ќе се изборите и за нивната битка.

Талкач

Број 9: Талкач

Духовна потрага

Талкачот е личност која ја бара вистината во големата духовна потрага, наречена живот. Патот кон духовноста бара да се погледне во себе, да се следи својата ѕвезда. Таа води кон самоспознавањето. Талкачот учи од сопствено искуство, ги преиспитува одговорите кои ги наметнува општеството. Затоа и мора да тргне по својот пат, сам! Пријатната светлина на ѕвездите кои сјаат се драгоцен патоказ, вера дека постои смисла, дека постојат одговри.

Ако е вашата карта талкач, пред вас е потрага за долго разбирање на животот. Вие сте човек кој активно работи на себе си. Дисциплинирано учите, искушувате разни пристапи за подобро да се запознаете себе си. Оставате впечаток на затворена и скромна личност која упорно ја следи својата цел. Вашата сила лежи бво задоволството кое произлегува од разбирањето на големите животни вистини. Ве сметаат за мудра личност, со задоволство ве прашуваат за совет и бараат утеха. Од вас зрачи мир.

365.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1