Која ти е лозинката? Password! – Дали ќе ти ја погодам?



Првиот клик во интернет светот значи опасност од злоупотреба на вашите податоци. Но сакале или не, интернет комуникацијата е неизбежен сегмент од нашето секојдневие.

Е сега, кога е веќе така, измислени се безброј начини на безбедно движење во интернет сообраќајот, но, залудно, малкумина ги познаваат а уште помалку ги применуваат. Основно! Често менување на лозинките, а не – уште од пред 15 години истата, – Petko17, Stanko20, многу креативно!

Некои пак дотолку мудро се заштитуваат себеси што не е потребен „хакер“ за да им влезе во „профилот“ или „меилот“, доволно е детенце што знае да брои до шест – На пример имаме лозинки 123456! Мошне мудро.

За да биде потрагично, според истражувањето на компанијата „ESET“ од тестираните 500 илјади корисници во Европа, скоро 2000 ја имале оваа „тајна“ лозинка. Истражувањето е спроведено во сите најчесто употребувани сервиси (e-mail, Facebook, Twitter како и другите социјални мрежи и интернет страници).

Според интернет експертите освен честото менување на лозинките, важно е никако да не се користи иста шифра за повеќе налози, на пример за Facebook и Skype, тоа велат е една од најголемите грешки. Исто така шифра осудена на неуспех е онаа која што се состои од лични податоци како што е датумот на раѓање.

Најсигурна заштита за вашиот „профил“ или „меил“ е лозинката формирана од бројки букви и симболи истовремено (колку ви е потешка вам, толку ќе биде потешка и за „хакерите“) Немојте да бидете мрзеливи!

Запомнете неколку букви и бројчиња, секогаш внесувајте ја вашата лозинка мануелно, избегнувајте да ја користите опцијата „remember login details“. И на крајот ова според ESET се најглупавите лозинки некогаш измислени, ако воопшто може да се наречат Измислени.

1. 123456, 2. Password, 3. Welcome, 4. Ninja, 5. abc123, 6. 12345678, и малку потешката верзија 7. 123456789, 8. Sunshine,   9. Princess, 10. Qwerty

Доколку се пронајде некој во некоја од лозинкиве, однапред се извинуваме во името на  ESET.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1