Кокаин вреден милион евра, уапсени двајца Албанци во Италија


Италијанската полиција уапсила двајца албански државјани на возраст од 23 односно 26 години,откако кај нив биле пронајдени 1,6 килограми кокаин со висок квалитети и чистота,кој на пазарот чини над милион евра.kokain.jpg-500

Нарко дилерите биле уапсени во италијанскиот град Римини во чиј стан полицијата ја пронашла дрогата скриена во простор каде чувале обувки.

Според полицијата, Албанците биле главни снабдувачи на корисници на овој вид дрога во поширокиот регион на Римини. Во акцијата се запленети и апарати за мерење и пакување на кокаинот.

Италијанската полиција иформира дека истрагата продолжува со цел откривање на соработниците на двајцата Албанци во снабдувањето и дилањето на дрогата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1