Корисни совети како да се разладите во автомобил без клима


За време на неподносливите горештини кои траат веќе со месеци секој бара начин да се разлади. Да не зборуваме за разладување во автомобил кој најчесто по цел ден стои на сонце.

Иако не постои брзо разладување некои од наредните совети на многумина од вас може да ви помогнат:

– Ставете водени крпи на отворите за вентилација. Воздухот што ќе помине низ нив ќе има пониска температура.

– Знаеме дека законски не е дозволено но доколку ви се создаде прилика може да возите и боси. Огромна количина на телесна топлина се насобира во стапалата и ќе ви биде попријатно ако се соблечете.

– Ставете голема количина на мраз во пластичен сад за да не се топи по автомобилот. Овој трик бил карактеристичен во 50 години во Аризона.

– Планирејте патувања во поладните периоди од денот, ноќе или рано наутро. Исто така обидете се да ги избегнете гужвите бидејќи самото задржување во редот и бавното придвижување ќе ви ја покачат температурата заедно со притисокот.

– Ставете фолија за затемнување на стаклата или затемнете ги на друг начин.

– Купете мал вентилатор и закачете го на инструмент таблата.

– Кога паркирате отворете го прозорот но само малку за да струи воздухот во внатрешноста на возилото.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

One Response to “Корисни совети како да се разладите во автомобил без клима”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.