Косово го суспендираше договорот со Србија за српски заедници – иако е склучен во Брисел


Уставниот суд на Косово привремено го суспендираше договорот со Србија за Заедницата на српски општини(ЗСО), јавуваат медиумите во Приштина.

Според истите извори, Уставниот суд на Косово одлуката ја донел врз основа на барањето што го поднела претседателката на Косово.kosovo sud

Уставниот суд одлуката ја донел едногласно. Формирањето на ЗСО е суспендирано до конечната одлука на овој суд.

Договорот беше постигнат во Брисел во август.

Претседателката на Косово Атифете Јахјага претходно од Уставниот суд побара оценка на уставноста на договорот за формирање на Заедницата на српски општини.

Јахјага рече дека по разговорот со премиерот и неговиот заменик, како и со лидерите на опозицијата, донела одлука да се обрати до уставниот суд и да побара да се оцени колку принципите од договорот за ЗСО се во согласност со уставот на Косово.

Косовскиот премиер Иса Мустафа минатиот месец рече дека неговата влада нема да го спроведува договорот за ЗСО доколку Уставниот суд процени дека неговите одредби се спротивни на косовските закони.

Милован Дрецун, претседател на собраниската комисија за Косово и Метохија, смета дека во прашање е одлука на косовскиот политички врв, а не на судот.

„Тука се работи за свесна намера, односно договор на политичкиот врв. Се врши опструкција на договорот за ЗСО. Мислам дека тоа ќе продолжи, што е неприфатливо бидејќи тоа би можело да доведе до застој во нормализацијата на односите, може да ги загрози и обесмисли. Во изгра е спротивставување на Бриселскиот договор. Нема оправдување зошто Приштина одолговлекува со формирањето на ЗСО“, вели Дрецун.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1