Косово ќе ја тужи Македонија за нарушување на конкуренцијата во авиосообраќајот


Со образложение дека Македонија ја нарушува конкуренцијата во авиосообраќајот косовската Влада ја тужи земјава пред Европската комисија и бара Македонија да запре со субвенционирање на авиобилети, објави приштинската телевизија KTV.aerodrom

Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација соопштиле дека очекуваат набрзо оваа жалба да добие позитивна разврска.

Оваа одлука на Косово беше откриена на дебатата организирана од Центарот за стратешки и социолошки истражувањата СТРАС, на која се разговараше за предностите за издавање под концесија на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1