Kосово ни воведе ембарго – стоп за сите производи од Македонија – Во кој филм е Косово?


,,Нашите реципрочни мерки се воспоставени за трговијата и компаниите. Ние не можеме да се спуштиме на нивото да воведуваме такси за граѓаните туку на соседната држава ќе и покажеме дека доколку таа одлучи да продолжи да ги третира граѓаните на Косово на тој начин тогаш загубите ќе ги почувствува директно нејзиното стопанство и нејзиниот буџет. Нема да воведеме реципрочни мерки за ограничување на слободата на движење на луѓето бидејќои тоа би ги погодило и Албанците од Македонија како и оние другите кои доаѓаат на Косово,, изјави Кусари Љиља вицепремиер и министерка за трговија во владата на Косово, образлагајќи ја одлуката на владата на Косово да воспостави ембарго за увоз на сите производи од Македонија, пренесува Нова ТВ.

blace-mz-3Косово  пред  три дена без најава, разговори и било какви предупредувања  ја воведе мерката за забрана за увоз на брашно, млеко, кондиторски прозиводи, пијалоци, цигари, оцет и конзервирано овошје и зеленчук.

Наводно причината  на Косово е условениот увоз на брашно, иако Македонија мерката  ја  воведе кон сите земји. Ова е повеќе од нелогично со оглед на фактот што Косово во Македонија во увозот на брашнио учествува со само два проценти.

Заради сето ова познавачите на состојбите велат дека косовска забрана не е базирана на економски и правни причини, туку чисто политички.

Поточно на 3 ноември во Косово ќе се одржат локални избори, а косовското население се соочува со се поголеми економски проблеми. Поради тоа влдеачката структира сака на овој начин, односно со глумење на патриотизам да добие некој политички поен.

Во косовоските медиуми се навестува дека од ноќеска на полноќ, косовската Влада ќе ги блокира сите стоки од Македонија кои се наменети за Косово, како одговор на нашата мерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1