Костени 100 денари, грав 160 – за празниците цените одат до небо


Освен гравче и риба на посната трпеза во вторник ќе се најдат и сармички, костени, смокви и овошје. Во средата, пак, најголем дел од граѓаните планираат да се омрсат со свинско месо.  Цената на костените се движи околу 100 денари за килограм. Рибата, на пример пастрмка се продава за 270 денари за килограм, оревите чинат 600 денари килограм, пишува Вечер

limon pazar

Цените на овошјето како и минатата година се движат околу 40 денари за килограм мандарини и 45 денари за банани. Од зеленчукот, пак, килограм маслинки чини 220 денари, додека со повисока цена, но вообичаено за овој период од годината беа доматите и краставиците.

За православните празници отсекогаш најмногу се купувале костени. Затоа и цената малку е покачена, додека цените на цвеклото, морковот, мандарините, јаболката се исти – изјави продавач на тезга.  Доколку граѓаните сакаат да се гостат со јагнешко, килограм во месарниците се продава околу 300 денари, исто колку и свинската кртина. Пилешкиот стек, и смрзнат и свеж, се продава за иста цена 235 денари за килограм.  Иако домашниот буџет најбрзо се троши во јануари поради празниците граѓаните велат дека не се воздржуваат да потрошат малку повеќе за да ги прослават празниците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1