Крадат ајвар и ракија по подруми – внимавајте


Крадци ги нападнале подрумите во неколку скопски населби. На мета им е зимницата, ајварот и ракијата, јавува Сител.

Обиени катанци , превртени гајби и празни полици е сликата која ја затекле  пред 2 дена станарите од зградата број 8 во Ново Лисиче .

Поради фактот дека ја загубиле зимницата, а и сознанието дека арамии им роварат по подрумите станарите одлучиле да постават безбедносна камера на влезот од зградата.

Од СВР Скопје за сител изјавиле дека само минатиот месец, кога започна сезоната на зимници, биле пријавени 19 кражби на подруми. Од нив се расветлени само 3.

Вкупниот број на кражби по станови и куќи, на подрачјето на Скопје пак изнесувал 76, од кои 10 се расветлени

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1