Крај за бубрежно болните и листи за трансплантација – Револуционерно создадоа бубрег, коса, од матични клетки


Јапонските научници за прв пат во историјата успеале од матични клетки да создадат, ткиво од бубрег и корен од коса. Со ваквото откритие јапонците би можеле да ја елиминираат потребата од трансплантација на бубрег и да го обезбедат најдобро решение за проблемот со ќелавоста.

Sinja Jamanaka te 1Тим на истражувачи од Универзитетот „Кјото“, изјавија дека за прв пат во светот успеаа да направат бубрежно ткиво од IPS клетки, еден вид на матични клетки кои можат да се претворат во човечко ткиво.
Истражувачкиот тим од Центарот за IPS ќелии од Универзитетот „Кјото“ е предводен од страна на професорот Јаманака Шиња, добитник на Нобелова награда за медицина во 2012 година.

Центарот во моментов ужива големо медиумско внимание во Јапонија и е означен како еден од приоритетите на јапонксата влада за финансирање на науката. Благодарение на тоа, експерти од Центарот, од февруари, започнуваат со отворање на банки за IPS ќелии, со цел да создадат соодветна резерва на таквите клетки, кои тешко се создаваат.

Матичните клетки се способни за развој за различни типови на човечко ткиво, а најлесно се добиваат од човечки ембрион. Сепак ваквата постапка има предизвикано голема етичка загриженост во врска со можноста дека само што зачнатиот организам во мајчината утроба, ќе биде оштетен за време на екстракцијата.

Maticne celije te 3Научниците затоа имаат развиено нова технолофија за одгледување на ваквите клетки од клетките на кожата или крвните садови на луѓето, но ваквиот процес бара многу време и често завршува со неуспех, па бројот на матичните клетки кој што е на распоагање за медицински третман е ограничен.
Банката ќе зема бели крвни зрнца од доброволци –крвни донатори и на тој начин ќе се обиде да го реши проблемот со посојано снабдување на медицинските и истражувачките институции во земјата, а истовремено и значително да ја намали цената на самата терапија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1