Кражба во стан во Скопје на Велигден – им собрале пола милион денари


Од стан во Скопје на ул.„Ташко Караџа“ сопственост на скопјанецот М.С.(36) вчера, на ден Велигден укадени се накит и други вредни предмети во износ од околу половина милион денари.kradec

Како што информира МВР во дневниот билтен, станува збор за тешка кражба која непознат сторител ја извршил така што со употреба на погоден алат ја отворил балконската врата, го пребарал станот и притоа пронашол и одзел златен накит, накит „Сваровски“, мобилни телефони и друго по што го напуштил местото на настанот. Се проценува дека при тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1