КРЕВЕТ ОТПОРЕН НА ЗЕМЈОТРЕС- МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ 65 ТОНИ


Јапонската компанија „Shinkosanqyo“ го исфрли на пазарот својот нов изум, кревет отпорен на земјотрес, кои може да издржи 65 тони рушевини.

По проектирањето на школските клупи, отпорни на земјотрес, на пазарот се појави и кревет „Wood Luck“ (Дрвена среќа), кој го проектирала компанијата „Shinko industries“ и кои на корисниците треба да им овозможи заштита во случај на земјотрес.

Креветот е направен од чемпрес дрва, а староста на стеблата е од 30 до 40 години. Поседува надстрешница. Креветот е достапен за клиентите во различни големини, а се продава со почетна цена од 5600 долари.

„Поголемиот број на прашања ги добиваме од луѓе кои што живеат во дрвени куќи. Старите луѓе воглавно сакаат да купат кревет за себе и за членовите на нивните семејства“, изјавил Јоциро Морита од компанијата „Shinkosangyo“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1