Крие ли Алшар непроценливо богатство?


Според геолозите од десетици регистрирани ретки кристали во светот, дури 7 се во Алшар. Рудникот е познат и по лорандитот кој директно потекнува од јадрото на Сонцето (неутрино тајна честичка) кој единствено од целата планета го има во Македонија.

Според Љупчо Јосифовски од Инфо Груп во тек се истражувачките активности и до крајот на јули ќе се знае каква е ситуацијата на теренот кои се потенцијалите на овој локалитет. Потоа, наесен ќе може да се почне со нови истражувања. Паралелно со активностите на инвеститорот на Природно-математичкиот- факултет во Штип на одделот за Геологија се одвива богата научна програма со која се истажува минералното богатство на Алшар, пренесува Вечер.мк

alsar

Интензивно се истражува што се крие во утробата на мистериозниот рудник Алшар, во локалитетот Мајдан лоциран на планината Кожуф. Во моментов домашната компанија Инфо Груп врши детални геолошки истражувања на минерални суровини во овој локалитет. Ако има доволен руден потенцијал од 2018 година, речиси по еден век пауза ќе стартува и експлоатацијата во рудникот.

Инаку овој рудник бил во експлоатација до Втората светска војна, а потоа само истражуван. Во шеесеттите години е утврдено дека во рудата на Алшар има присуство на антимон, арсен и талиум.

За Алшар знаел и султанот

Геолозите утврдиле дека минерали од локалитетот по потекло од Алшар се наоѓаат и во археолошките остатоци на локалитетот Стоби.

За постоењето на рудникот пишани документи за прв пат се среќаваат во турските тефтери кои датираат од 1481 година. Најголемиот подем рудникот го имал во 15 и 16 век и во тој период овој регион се развил како рударски и бил познат не само на Балканот, туку и пошироко. На крајот на 19 и почетокот на 20 век за прв пат било откриено присуството на талиум во рудата.

Вечер.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1